Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зголемени утрински температури во државата, максималната денеска ќе достигне до 20 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени 4 степени, 6 степени било во Крушево, 7 во Маврови Анови, 8 во Охрид, Претор, Прилеп, 9 во Тетово и Берово, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци и Струмица, 11 во Скопје-Петровец и Виница, 12 во Велес и Гевгелија, 13 во Штип и Демир Капија.

Наврнат воден талог во изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2)

31 Маврови Анови, 25 Пожаране, 22 Попова Шапка, 16 Тетово, 13 Охрид, 10 Крушево, Претор, 6 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Тополчани, Пожар-Радовиш, 2 Крива Паланка, Битола, Виница, Кавадарци, 1 Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, Берово.

Времето денеска

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во крајните југозападни делови (над 20 l/m2). Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен јужен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 20 степени./Извор:Makfax