Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се гради мега-паркот со плоштад во населба Радишани во вредност од 20 милиони денари

Изјава на Христијан Мицкоски

Добар ден и од мене, ќе бидам краток.

Да му честитам на градоначалникот, ќе ми дозволите, најпрвин за сето она кое што го прави изминатиов период за жителите во Општина Бутел. Мислам дека Општината со сите оние проекти коишто се реализираа и овие коишто ќе се реализираат или се во фаза на реализација, доживува навистина еден период на препород.

Да се заблагодарам на поддршката којашто Општина Бутел ја добива и од страна на пратеничката во македонското Собрание, советниците, администрацијата во Општина Бутел, на ресорните министри, затоа што мора сето ова хармонично да функционира ако сакаме да имаме успех ваков каков што имаме овде во Општина Бутел.

Јас можам да им посакам уште многу проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на граѓаните овде во Општина Бутел, а ние како Влада ќе продолжиме сето тоа да го поддржуваме без дилема.

Така што, да заклучам, честитки за постигнатото. Нè чека уште многу работа, уште многу работи треба да се изградат. За разлика од тие коишто во минатото уништуваа и крадеа, оваа Влада заедно со оваа локална самоуправа има амбиција да гради и така ќе продолжи и во иднина.

фото Влада

Можеби ќе ве интересира

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК