Centar.mk
фото Општина центар
ЛОКАЛНОвест

Герасимовски: Досега доделени 376 субвенции за велосипеди, во тек е нов повик, аплицирајте!

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека во тек е јавниот повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Герасимовски, потенцира дека од 2022 година досега доделени се вкупно 376 субвенции за велосипеди.

„Го поттикнуваме користењето на алтернативни и еколошки превозни средства. Од 2022 година досега, доделивме 376 субвенции за велоспеди, 47 субвенции за е-велосипеди и е-тротинети, како и 7 субвенции за дополнителна опрема. Ги повикувам центарци да се пријават на јавниот повик којшто е во тек, ајде заеднички да поддржиме одржлив транспорт и да го намалиме сообраќајниот метеж. Со повеќе велосипеди градиме поздрава и попријатна средина за сите нас. Овие субвенции се дел од нашите заложби за подобар квалитет на живот во централното градско подрачје“, вели Герасимовски.

Центарци можат да добијат субвенција од 30% од цената на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, како и субвенција за дополнителна опрема (детски седишта и кациги) до 1.000 денари. Повикот е отворен од 24 март, а барањата ќе се обработуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Правото на субвенција е еднократно, а жителите на Центар треба да поднесат барање со потребна документација: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка во оригинал и истата да ја достават во архивата на Општина Центар, барака бр.6, од 09.00 до 15.00 часот.

За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата centar.gov.mk: https://www.centar.gov.mk/?p=24738.

Можеби ќе ве интересира

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК