14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Азизи: Здравствените установи се максимално посветени за обезбедување квалитетен третман и целосна рехабилитација за сите пациенти

„Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Како и секој ден, тука сме да ве информираме за сe. Јас ќе ве информирам околу состојбата на повредените во трагедијата Кочани и сите случувања поврзани со нивното лекување и рехабилитација. Знаеме дека ова е тешка ситуација за сите, особено за семејствата на засегнатите, и затоа остануваме посветени да ви донесеме точни, ажурирани информации и да се осигураме дека секој пациент добива најдобра можна грижа. Според последните податоци, денеска од болниците ќе бидат испишани 16 пациенти кои се лекувале во земјата и лекувањето ќе го продолжат во домашни услови.

Очекуваме во рок од две недели половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во нашата земја, за кои ги преземаме сите неопходни чекори за продолжување на нивното адекватно лекување. Во моментов во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела очекуваме 8 од нив да се вратат и да продолжат со лекувањето во земјава.

Во меѓувреме, состојбата на некои пациенти и понатаму е сериозна, 4 од тие кои се во странство се во критична состојба, но правиме се за да го обезбедиме потребниот третман и да се надеваме на нивно подобрување. Покрај болничката нега, како дел од долгорочната нега, обезбедивме тим хирурзи кој ќе остане во Кочани за поддршка на пациентите кои се лекуваат дома, избегнувајќи ги нивните напорни патувања во клиниките. Исто така, штипската болница располага со 4 хирурзи, кои ќе бидат во постојана комуникација за давање поддршка на пациентите.

Здравствените установи се максимално посветени за обезбедување квалитетен третман и целосна рехабилитација за сите пациенти. Ќе продолжиме редовно да Ве информираме за нивната состојба и мерките што ќе бидат преземени.

Во меѓувреме, истрагата за овој сериозен настан продолжува со целосна посветеност и во соработка меѓу одговорните институции. Владата останува решена да ја открие вистината и да се погрижи одговорните да одговараат за своите постапки.

Ви благодариме за вниманието!“

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +