Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Удрен малолетник во Тетово – тешко повреден однесен во болница

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улицата .„Видое Смилевски Бато” во близина на кружен тек со улица „Браќа Миладинови” во Тетово, патничко возило „голф” со тетовски регистерски таблици, управувано 31 годишно лице, удрило во малолетник од село Сараќино.

Како што информира МВР, во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

фото Pixabay/Илустрација

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК