Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски во посета на семејството на починатиот возач на Брза помош во Кочани, Иле Гоцевски

Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани, соопшти Христијан Мицкоски, премиер на Македонија денеска на социјалните мрежи.

– Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!

Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме.

Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните.

Вечна ти слава, Иле, напиша Мицкоски на фејсбук.

фото Фејсбук пејџ на Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК