Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Повеќемина повредени во тешката несреќа на патот Штип – Кочани

На 21.03.2025 во 13.02 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип–Кочани, атар на с.Соколарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ленд ровер“, сопственост на АРМ, а управувано од Ф.К.(39) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Р.(56) од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Р., додека со телесни повреди се здобиле неговата сопатничка В.Р.(66), како и возачот на возилото „ленд ровер“ и сопатниците Љ.С.(51) и Г.С.(42), двајцата од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК