Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

– Ќе продолжиме и денес со дневното информирање на јавноста за сите преземени чекори од страна на надлежните институции се со цел да обезбедиме навремено и точно информирање на јавноста за обврските кои се наша должност, изјави портпаролоката на Владата, Марија Митева денеска на прес конференција која ја пренесуваме во целост:

– Во овие денови на тага зборовите за утеха не се доволни, но постапките кои се преземаат мора да бидат конкретни и прецизни. Како влада, ние стоиме покрај секое семејство – не само со зборови на сочувство, туку и со конкретни постапки кои обезбедуваат правда, одговорност и иднина во која ќе се спречат вакви трагедии.

Од првиот момент нашите институции се целосно мобилизирани. Истражните органи работат итно и прецизно. Граѓаните ја заслужуваат вистината, и ќе ја имаат.

Нашиот приоритет сега е двоен: да ја завршиме институционалната работа со целосен интегритет и да преземеме итни чекори за да спречиме идни трагедии од ваков карактер. Затоа, во координација со сите релевантни органи, ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите и ги решаваме сите идентификувани неправилности. Одговорноста не завршува со зборови – туку со акција.

Денес на оваа прес конфернција директорот на фондот за здравствено осигурување г-дин Сашо Клековски ќе даде осврт на состојбата од аспект на здравствените активности, додека пак директорот на СОЗР, Ивица Томовски осврт на преземените активност во делот на конкретната поддршка која ја дава државата на семејствата на повредените.

Јас денес ќе соопштам повторно информации од активностите на ДПИ во координација со МВР кои се однесуваат на вчерашниот ден, а се во насока на вонредните контроли за почитувањето на одлуката на владата за прогласување на денови на жалост. Во овие контроли вчера се утврдени два објекти кои не ја почитувале одлуката на Владата и работеле, за тоа се изречени соодветни мерки и затворање на локалите.

Во однос на оние контроли кои се спроведуваат на сите објекти со и без лиценци активноста продолжува, анализите се обемни, а проверките темелни се со цел утврдување дали истите ги почитуваат минимално техничките услови.

Сакам да ја информирам јавноста и за преземените активности на Министерствот за транспорт и врски, каде од досега направените контроли утврдени се голем број на лиценци кои со решение ќе бидат одземени, и тоа кај околу 100 затоа што е утврдено дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени.

И во ова надлежно министерсто во текот на вчерашниот но и денешниот ден контролите продолжуваат и до крај на денот очекуваме нов пресек со детални информации за сите направени контроли на овој тип на лиценци.

Болката од оваа трагедија е неизмерна, но ќе ја информираме јавноста како напредуваат истрагите и како ги спроведуваме неопходните реформи и чекори кои што се наша обврска како Влада.“, рече Митева.