13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Белград би можел да обезбеди и дополнително сместување на повредените од Кочани, ако има потреба

Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград утринава изјави дека е достапна за евентуално дополнително сместување на повредените во пожарот во Кочани, доколку има потреба.

„И за оваа задача што ја извршивме, сите мои колеги доброволно се пријавија, доброволно учествуваа во транспортот, кој е еден од најтешките видови транспорт на овие пациенти, па доколку има потреба – стоиме на располагање и тука сме повторно да им помогнеме на луѓето во Северна Македонија“, изјави за РТС потполковник Рондовиќ.

Тој додаде дека 30 пациенти повредени во пожарот се на лекување во Србија, од кои 12 се лекуваат во военото здравство, а останатите во цивилниот здравствен систем.

„Станува збор за изгореници предизвикани од ефектите на висока топлина и повреди од вдишување, кои преовладуваат кај поголемиот дел од повредените во оваа трагедија, бидејќи биле затворени во запалениот простор и изложени на висока топлина“, рече Рондовиќ.

Тој додаде дека е тешко да се предвиди времето на опоравување на пациентите, но дека нивното закрепнување, доколку нема компликации, може да се очекува најмалку за недела или две./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК

Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата, соопшти Филипче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.