12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Застрашувачки руски напад врз град со 200.000 жители, горат згради, има повредени

Русија го изврши својот „најголем напад во последните години“ врз Кропивницки во регионот Кировоград во ноќта на 20 март, при што беа ранети осум лица, меѓу кои и едно дете, изјави регионалниот гувернер Андриј Рајкович, пренесува Киев Индепендент.

„Над 20 руски дронови беа лансирани во градот во текот на ноќта, напаѓајќи куќи и станбени згради“, рече Рајкович.

По нападот на вкупно три лица им била потребна хоспитализација, а еден од повредените, кој е во критична состојба, се здобил со површни изгореници на 90 отсто од телото.

Нема дополнителни информации за степенот на повредите на преостанатите жртви.

Украинската железничка управа соопшти дека железничката инфраструктура била оштетена како резултат на нападот.

Кропивницки, со население од околу 220.000, е административен центар на Кировоградската област во централна Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +