Centar.mk
РЕГИОН

Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.

Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март. 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години, загинаа во најголемата трагедија во градот.

Најголемиот дел од починатите се од Кочани, а останатите од Чешиново-Облешево, Штип, Скопје… Кочани го обзема целосен молк додека жали за својата изгубена иднина.

Илјадници македонски граѓани од целата земја со мирни собири изразија сочувство за тагата на семејствата.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март. Загинаа 59 лица, а над 160 се повредени. Најтешко повредените се лекуваат во странство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Претстојната посета на Кина ќе биде најважната во мојата политичка кариера

C +

„Тепачка“ за лежалки во Грција заврши на суд, турист доби речиси 1.000 евра отштета

C +

Кои европски земји имаат најзагаден воздух?

C +