Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсени две лица кои правеле огномет синоќа во Скопје

-На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот, соопшти МВР.

-Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард

ДЕСК

Мицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општините

ДЕСК

Европска експертиза на домашен терен: субпериостални импланти за сложени дентални случаи

ДЕСК