Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Како се станува генерален менаџер на реномирана компанија од областа на транспортната индустрија во САД

Како се станува генерален менаџер на реномирана компанија од областа на транспортната индустрија во САД

Како македонец може да стане генерален менаџер на милионска компанија за продажба на камиони и опрема во САД

Во Македонија има високо стручни поединци кои може да работат на комплексни и одговорни работни позиција, кои имаат потенцијал и квалификации да работат на големи проекти на американскиот пазар. Па дури и за највисоката позиција како генерален менаџер на реномираната компанија Impel Union од областа на транспортните операции која има за цел да им помогне на компаниите во САД да оформат најдобар возен парк, вклучувајќи камиони, приколки и опрема. Да им понуди лизинг и оптмални финансиски опции за финансирање, како и најдобри совети за избор на возен парк.

Оваа компанија менаџира со милионски операции, со голем број на вработени, управува со продажба на камиони и други возила, нуди лизинг, финансира, им помага на компаниите со совети и експертиза како да оформат најдобар возен парк, и како да го развијат својот бизнис. 

Компанијата Impel Union е нов перспективен клиент на македонската аутсорсинг компанија Пантелеон ГС, која за нив треба да ангажира и генерален менаџер.

Ако ова ви звучи како добар предизвик, тогаш сте на вистинското место!

Кој може да аплицира?

Ако досега сте менаџирале компанија за продажба на комерцијални возила, или пак сте биле одговорни за продажба и развој во автомобилскиот сектор, можеби е време за нешто повеќе. Да прифатите нов предизвик и работа за компанија на големиот пазар на САД. Потребна е амбиција, 5 годишно искуство, историја на развој, финансиска експертиза поврзана со авто индустријата, со лизинг и финансирање, да бидете  аналитичен, да имате познавање на иновативни маркетинг иницијативи, вклучително и кампањи на социјалните медиуми. Повеќе инфо на следниот линк.

Што би работеле?

Да развивате и имплементирате ефективни стратегии за продажба на големи камиони и приколки од т.н. класа 8 во САД (на пр.  Freightliner, Volvo, Daimler, Peterbilt, Kenworth, Mack). Да работите на идентификување можности за развој на пазарот во САД, и да креирате иновативни маркетинг иницијативи, вклучително и кампањи на социјалните медиуми. Да ги надгледувате секојдневните операции на застапништвото, вклучувајќи управување со залихите, финансиите, процесите на вработување/престанок и проценки на перформансите на вработените.

Impel Union nов клиент за Пантелеон ГС и неограничени можности за развој на оваа македонска компанија.

Пантелеон ГС ги руши бариерите и стереотипите поврзани со македонската економија. Оваа македонска аутсорсинг компанија не само што успешно работи на пазарот на САД, и вработува во земјава талентирани луѓе, покажува и дека дефинитивно не сме дестинација на евтина работна сила, туку напротив дека ангажира високо квалификувани и искусни поединци, со потенцијал  да изградат меѓународна кариера во една од врвните растечки индустрии во Америка.

Panteleon GS гради тим од светска класа од врвни професионалци за финансии, сметководство и логистика за поддршка на растечки список на клиенти. Тука работат некои од најпаметните умови во финансиите, сметководството и оперативниот менаџмент во Македонија.

Од центарот на Скопје бидете успешни на светскиот пазар!

Пантелеон ГС станува плодна средина, особено за помладата генерација на професионалци, за понатамошно развивање на својата кариера, разивање на повеќе вештини во работењето како и остварување на долготрајни релации со клиенти од развиените пазари во светот. Компанијата покрива специфична индустрија, аутсорсинг услуги, каде се користат само умствените капацитети на вработените и компаниските пракси, со што оваа компанија навистина значајно придонесува кон домашната економија. Притоа не ја загадува животната средина, применува позитивни пракси за општествена одговорност, и вработува млади и талентирани луѓе кои поинаку би размислувале за напуштање на земјата.