Centar.mk
photo created by AI
РЕГИОН

Четири возила се судрија во Србија, избувна пожар: загина брачна двојка и уште едно лице

Вчера околу 18.25 часот на патот Меленци-Башаид во северна Србија се случи тешка сообраќајна несреќа. Загинаа три лица, брачна двојка во автомобил со новосадски регистарски таблички и едно лице од Зрењанин, пренесува српски Телеграф.

Во несреќата учествувале три автомобили и еден трактор. Два автомобили се запалиле и целосно изгореле. Тракторот бил смачкан.

На местото на настанот пристигнале седум возила на брза помош. Повредени се четири лица. Двајца се тешко повредени, а двајца полесно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Падна Владата во Република Српска

C +

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

C +

Вучиќ: Србија се подготвува да биде нападната од Приштина, Тирана и Загреб; Државата купи суперсонични ракети од Кина

C +