Centar.mk
РЕГИОН

Бугарски пратеник собра 34.200 евра за настраданите во Кочани

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра, објавија „Пловдив24.бг“.

Во петок, заедно со својот соработник Чило, планира да отпатува во Кочани, каде ќе се сретне со локалното население и ќе ги координира следните чекори за распределба на собраните средства.

Дополнително, во текот на неделата ќе се обиде да оствари средба со амбасадорот на Македонија во Софија, за да изрази сочувство и да понуди поддршка од фондацијата.

Бугарските медиуми првично објавија дека се собрани 54.000 лева, а сега таа сума е и поголема./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Длабока поделеност во Србија за членството во ЕУ, покажува анкета

C +

НЕВРЕМЕ ГО ПАРАЛИЗИРА ЗАГРЕБ: Училиштата затворени, ветерот достигнува и до 90 км/ч

ДЕСК

Силно невреме со снег и дожд во Хрватска, граѓаните во погодените области добиваат предупредувања од надлежните

C +