Centar.mk
РЕГИОН

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во спомен на жртвите кои загинаа под трагични околности во градот Кочани, Македонија.

Владата на Бугарија изрази сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен, во вторник на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции. Во бугарските болници се згрижени 14 повредени во пожарот, а подготвени се да прифатат уште повредени, пренесува БГНЕС.

Бугарската држава обезбеди и превоз и сместување за роднините на повредените, за да можат да бидат во контакт и да им дадат поддршка на повредените.

Пожарот во дискотеката Пулс на 16 март во Кочани однесе 59 животи, а над 155 лица се хоспитализирани во Македонија и во странство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Србија се подготвува да биде нападната од Приштина, Тирана и Загреб; Државата купи суперсонични ракети од Кина

C +

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +

Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

C +