Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Стојанче Ангелов од ЦУК: Во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за повредените во страотната несреќа во Кочани

Во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за повредените во страотната несреќа во Кочани. Воедно ги имаме сите неопходни материјални средства и немаме потреба од било какви донации, соопшти Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

– Имаме понуди за помош од повеќе држави. Се вршат подготовки за транспорт на тешко повредените лица во врвни болници од оваа област во неколку европски држави.
Немаме зборови со кои може да се опише тагата од оваа ужасна несреќа.

Сочувство до семејствата кои ги изгубија своите најблиски, рече Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК