Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Да се сплотиме сите во овој траорен миг – Нашите мисли и молитви се со сите погодени од трагедијата во Кочани

По повод трагедијата со пожарот во дискотека во Кочани, која силно ја потресе целата земја и Регионот, претседателот на Собранието, Африм Гаши, испрати телеграма со сочувство до семејствата на жртвите.

„Со неверување и најдлабока тага ја примив веста за тешката трагедија во Кочани, каде што во огнена стихија во ноќен клуб животот го загубија повеќе од 50 лица и десетици други се повредени. Во мое лично име и во име на Собранието на РСМ, изразувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите. Нашите мисли и молитви се со сите погодени од оваа трагедија“ – стои во телеграмата со сочувство.

Претседателот на Собранието ја посети и Клиниката „Свети Наум Охридски“ во Скопје, каде се хоспитализирани дел од повредените во несреќата. Тој изрази најдлабоко сочувство до семејствата на починатите и повредените. Тој порача дека во овој траорен момент сплотени заедно треба да направиме сѐ што можеме како држава, како институции и да помогнеме на семејствата.

При посетата на болницата, Гаши ги охрабри повредените и, притоа, изрази благодарност за залагањето до директорот на Клиниката, до сите доктори и целокупниот медицински персонал, кои најпрофесионално ја извршуваат својата работа на овој тежок ден. Исто така, ги повика надлежните власти да се ангажираат за целосно расветлување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК