Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Невреме низ Македонија: Се најавува пад на температурите под нулата, Метеоцентар со детална прогноза

Утре и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.

Прогноза за 17.03.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 21°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни проследени со грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Во вечерните часови и во текот на ноќта на повисоките планини на северозапад со врнежи од повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 18.03.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 19.03.2025
Минимална температура: -8°C до 1°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК