14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костова: ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да им помогне на граѓаните да се подобри животниот стандард, да се покачат платите

Потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, во дебатната емисија „Стадион“ на радио Канал 77 истакна дека власта сака да си избере синдикат којшто му е по мерка, односно ги исполнува критериумите на ВМРО-ДПМНЕ и вкусовите на Мицкоски.

Истиот тој синдикат, со којшто пред помалку од 12 месеци и преговараа и се договораа и заедно поднесуваа закони и даваа поддршка за нивните барања, сега наеднаш тој синдикат не чини, треба да биде некој друг синдикат и не само што синдикатот не им одговара, не им одговара ниту методологијата за пресметувањето на потрошувачката, рече Костова.

Костова нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено на сé, но не е подготвено на граѓаните да им помогне малку од малку да се подобри животниот стандард, да се покачат платите.

Цените се покачуваат, три минимални плати му се потребни на едно семејство да ги покрие основните трошоците. 500 евра минимална плата е чист минум со кој можеби граѓаните ќе успеат да врзат крај со крај, рече Костова.

Освен минималната плата, Владата треба проактивно да учествува со конкретни мерки и да ги прифаќа оние мерки кои ги даваме за покачување на платите и во приватниот секотр. Тоа се добри предлози, со кои може 585 милиони евра за 1 година да се слеат во џебовите на граѓаните, со просечно зголемување на платите од 7.500 денари по вработен, нагласи Костова.

Таа додаде дека со тоа би се ублажило одлевањето на десетици милиони евра од граѓаните во касите на сиџирите маркети, за кои гледаме дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги штитат како бубреже во лој.

Пари очигледно има, оваа Влада го изгласа историски највиоскиот и најголемиот буџет, дополнително се задолжуваат, рече потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, во дебатната емисија „Стадион“ на радио Канал 77.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.