Centar.mk
РЕГИОН

Еве каде е Вучиќ додека се подготвува најголемиот протест против него

Додека студентите се собираат во центарот на Белград за да одржат голем протест со колегите студенти, српскиот претседател Александар Вучиќ замина на другата страна на градот. Вучиќ го посети градилиштето во Сурчин каде ќе се одржи ЕКСПО 2027.

„Луѓето сонуваат различни соништа. Сакам Србија која се гради, Србија која напредува, Србија која победува. „Србија ќе победува денес и секогаш“, се вели во описот на оваа објава.

Во Белград денеска се одржува голем студентски протест. Централниот митинг ќе започне во 16 часот пред Собранието на Србија, додека собирот на граѓаните ќе започне неколку часа порано на различни локации во Белград.

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +