Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Погодена рафинерија во Русија, гори огромен резервоар за гас

Украинците во текот на ноќта со беспилотни летала ја нападнаа руската рафинерија Туапсе во Краснодарската територија.

Според руските канали на Телеграм, жителите слушнале десетина експлозии во рафинеријата околу 3 часот по полноќ по локално време. Тие се пожалија дека предупредувањето за опасност од воздух било издадено потоа.

На социјалните мрежи се проширија фотографии и видеа од пожарот во рафинеријата. Каналот на Телеграм, Mash објави дека експлозии предизвикале пожар во нафтената рафинерија Туапсе. Руски извор тврди дека имало „пад на остатоци од соборен дрон“.

Гувернерот на Краснодарската територија Вениамин Кондратиев го потврди нападот врз рафинеријата и извести дека „еден од резервоарите со бензин се запалил“. „Пожарот се прошири на површина од над 1.000 квадратни метри“, додаде тој.

Инаку, оваа рафинерија веќе беше нападната ноќта меѓу 25 и 26 февруари. Нападот предизвика и пожар и оштети опрема за рафинирање нафта. Одговорноста за нападот тогаш ја презеде Украинската одбранбена разузнавачка служба./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руската нафта може да тече: Америка нема да му прави проблеми на Орбан во снабдувањето со руска нафта и покрај санкциите

ДЕСК

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

C +

Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил

C +

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.