Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Центар го санкционираше изведувачот за проблемот со затнатата канализација на улицата Мирче Оровчанец

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на итна средба со менаџментот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ го разгледа проблемот со затнатата фекална канализација на улицата Мирче Оровчанец.

На претставка на граѓаните кои живеат во близина на градилиштето, инспекцијата на Општина Центар уште пред десетина дена излезе на увид и изрече глоба за изведувачот за испуштање на бетон од објект на јавна површина, со што настанало затнување на главната канализациска мрежа.

На терен веднаш излегоа и службите на ЈП „Водовод и канализација“ по барање на Општина Центар, при што утврдија дека причината за блокираната канализација е неадекватно изведената градежна работа од страна на инвеститорот.

Неофицијално, на состанокот е посочено дека инвеститорот самиот ќе ја санира штетата, а доколку има потреба, ќе добие поддршка од ЈП „Водовод и канализација“.

Општина Центар продолжува со активно следење на ситуацијата и во наредниот период ќе продолжи тесната соработка со надлежните институции за целосно решавање на проблемот и спречување на било какви дополнителни последици за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК