Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп

Кремљ потврди дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин за време на вчерашната посета на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател и Виткоф се согласиле за потребата од разговор меѓу Трамп и Путин, но точниот датум сѐ уште не е договорен.

„Точното време на разговорот меѓу двајцата претседатели сѐ уште не е одредено“, изјави Песков за новинарите.

„Откога господинот Виткоф ќе му ги пренесе на својот претседател сите информации што ги добил во Москва, тогаш ќе одредиме време за разговор“, додаде тој.

Песков исто така за новинската агенција ТАСС изјави дека двете страни „разбираат дека е неопходен разговор меѓу претседателите“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Камбоџа го обвинува Тајланд за бомбардирање додека траат мировните преговори

C +

САД започнаа моќен и смртоносен удар на ИСИС во Нигерија, објави Трамп

C +

Ким Јонг Ун објави дека Северна Кореја ќе продолжи да развива производство на ракети

C +