Centar.mk
БИЗНИС

Пензионерите ќе добијат 2.500 денари покачување, за минималецот се’ уште нејасно

Наместо редовното усогласување, пензионерите мартовската пензија ќе ја земат за 2.500 денари повисока.

Ова покачување ќе биде линеарно за сите пензионери.

Од следниот септември повторно најверојатно ќе се врати реодвното усогласување на пензиите во земјава, кое е системски и се пресметува според трошоците на живот, инфлацијата, просечната плата… Усогласувањето кое беше донесено од минатата влада се прави два пати годишно, еднаш во март и еднаш во септември, секоја година.

Додека пензионерите се на чисто, по галопирачките цени на прехранбените и основни продукти, дека ќе добијат покачување од 2.500 денари, работниците се’ уште не знаат дали ќе ги добијат оние 1.800 денари кои им следуваат со системското покачување или пак ќе падне договор за минимална плата од 500 евра, на која се противат големите компании.

Можеби ќе ве интересира

НБРМ: ММФ ја потврди стабилноста на банкарскиот систем и искажа задоволство од модернизацијата на монетарната рамка

ДЕСК

Халкбанк добитник на награда за одржлив развој за иницијативата „Милион садници“

ДЕСК

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија – извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики

ДЕСК