Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДПМНЕ гласаат а не прочитале за што, дел од пензионерите нема да добијат покачување, реагира СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Пратениците на ДПМНЕ не го ни прочитале законот кои денес неделовнички го поминаа.

Покачувањето на пензиите не е во овој закон. Покачувањето на пензиите го изгласавме во септември, минатата година.

Со денешниот закон ДПМНЕ насилно и со кршење на Деловник и процедури ги поминаа измените со кои на еден дел од пензионерите нама да им биде зголемена пензијата за 2.500 денари, но и ги намалија критериумите за избор на директор, за да нивниот Мемов од коалициониот партнер ЗНАМ може да остане на таа функција.

Дополнително, денес ДПМНЕ направи се за да му помогне на Африм Гаши и претседавачката со комисијата да не го стават на седница и да не го изгласаат Законот за бранители. За сите прекршувања пратеничката која претседаваше со комисијата ќе добие кривична пријава. Тоа што пратениците од ЗНАМ и ДПМНЕ го кочат Законот за бранителите нега го објаснуваат на граѓаните. Се што кажаа досега, се излажаа.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +