Руските сили ја нападнаа Украина со балистички ракети и 126 беспилотни летала, запалија складиште за гориво и повредија две лица во делови на земјата, соопштија украинските власти.
Украинските воздухопловни сили објавија дека собориле балистичка ракета „Искандер-М“ и 79 беспилотни летала, а уште 35 беспилотни летала не успеале да стигнат до веројатните цели поради контрамерки за електронско војување.
Во јужниот дел на Одеса во напад беше запалено складиште за гориво, а во напад во североисточниот регион Харков беше повредено едно лице и беа оштетени земјоделски магацини, им соопшти гувернерот Олех Синијехубов и локалните обвинители.
Во Суми, друг североисточен регион, каде што украинските власти во понеделникот соопштија дека Русија се обидува да создаде зона на активни борби, во напад беше повредено едно лице и оштетени четири двокатни згради, напишаа локалните власти на „Телеграм“.
Воздухопловните сили не кажаа што се случило со 12-те беспилотни летала што не биле соборени.
Рускиот напад следува по најголемиот украински напад врз Москва
Нападот се случи откога руските власти соопштија дека Украина го извршила најголемиот напад со беспилотни летала врз Москва и московскиот регион, при што стотици беспилотни летала беа соборени во Русија.
Во украинскиот напад во раните утрински часови загинаа најмалку две лица, беа предизвикани пожари и беше прекинат воздушниот и железничкиот сообраќај во регионот.
Украинските напади доаѓаат додека Соединетите Американските Држави се залагаат за ставање крај на тригодишната војна што Русија ја почна со инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Денеска, американските и украинските тимови треба да се сретнат на мировни преговори во Саудиска Арабија./Извор:Makfax