Centar.mk
СВЕТ

Шефот на ОН го поздрави објавувањето на двонеделниот прекин на огнот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави објавувањето на двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран.

Во соопштението, неговиот портпарол рече дека Гутереш ги повика сите страни во конфликтот на Блискиот Исток да го почитуваат меѓународното право и условите на прекинот на огнот со цел да се отвори патот за траен и сеопфатен мир во регионот.

Гутереш, исто така, изрази „искрена благодарност“ до Пакистан и другите земји за нивниот придонес во постигнувањето на прекинот на огнот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК

МОЖЕН ПРЕСВРТ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ – Катар предложи договор што би ја обновил светската пловидба

ДЕСК

ПРЕСВРТ ВО ПАРАГВАЈ – Претседателот сменет, приведен по банкарски скандал, нов лидер ја презеде власта

ДЕСК