Centar.mk
СВЕТ

Повеќе од 20 автомобили изгореа на паркинг кај Москва: едно лице загина, неколку се повредени

Повеќе од дваесет возила изгореа во пожар што избувна на паркинг во Домодедово, Московскиот регион, објави регионалниот гувернер Андреј Воробјов на својот канал на „Телеграм“.

„По падот на остатоците од дронот, избувна пожар на паркингот. Изгореа повеќе од дваесет возила. Пожарникарите и сите служби за итна помош се на местото на настанот, пожарот е речиси изгаснат“, рече Воробјов.

На паркингот загина 38-годишен чувар. Две лица се повредени и хоспитализирани.

Градоначалникот на Москва: Спречен најголемиот напад со дронови врз Москва

Домодедово се наоѓа на 37 километри јужно од Москва. Во градот се наоѓа и аеродромот „Домодедово“, еден од трите главни аеродроми заедно со „Шереметјево“ и „Внуково“.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, утринава соопшти дека противвоздушната одбрана го спречила најголемиот напад на непријателски беспилотни летала врз Москва. Руското Министерство за одбрана претходно објави дека 337 украински беспилотни летала биле уништени во текот на ноќта во руските региони, вклучително и 91 во регионот на Москва./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пожар во фабрика за автомобили во Јужна Кореја: бројот на жртви се зголемува

C +

Човекот на Трамп кој поднесе оставка поради Иран: На ​​клучните луѓе не им беше дозволено да зборуваат

C +

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

C +