Centar.mk
СВЕТ

Запален танкер во Северното Море, погоден од контејнерски брод

Tанкер со нафта и товарен брод утрово се судрија во Северното Море, при што танкерот избувна во пламен.

Несреќата се случила во близина на брегот на Источен Јоркшир, а алармот бил вклучен во 9.48 часот по локално време.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Крајбрежната стража веднаш почна голема спасувачка операција со чамци и хеликоптер. Покрај нив, на местото на судирот биле испратени и авион на крајбрежната стража и блиски бродови.

Крајбрежната стража во соопштение за печатот соопшти дека инцидентот сè уште трае. Според неофицијални информации, контејнерскиот брод „МВ Солонг“ удрил во нафтениот танкер „МВ Стена Имакул“, кој бил закотвен.

Според информациите што ги објави Би-би-си, танкерот е во пламен. Противпожарните екипи на море работат на локализирање на пожарот, а спасувачите ја координираат операцијата на самото место.

Засега нема информации за жртви или евентуално загадување на морето./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ВО БРИСЕЛ – Националниот протест носи сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај

ДЕСК

СЕЛО ВО АНГЛИЈА ГЛАСАШЕ ЗА „ОТЦЕПУВАЊЕ“ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Причината се плановите за сместување мигранти

ДЕСК

КЛИМАТСКИОТ САМИТ COP31 ПРЕД НЕУСПЕХ – ЕУ НЕЗАДОВОЛНА ОД НОВИОТ ДОГОВОР, СПОР ОКОЛУ НАФТАТА И ГАСОТ

ДЕСК