Centar.mk
СВЕТ

Северна Кореја истрела балистички ракети

Северна Кореја истрела повеќе неидентификувани балистички ракети од нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејската војска, додека САД и Јужна Кореја ги започнаа годишните заеднички воени вежби.

Ракетите биле истрелани во морето од западниот брег околу 13 часот и 50 минути по локално време, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска го зголеми надзорот и будноста, велат тие.

Севернокорејските државни медиуми ги критикуваа годишните заеднички воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја кои започнаа во понеделникот, велејќи дека тие ќе ја влошат ситуацијата на Корејскиот полуостров.

Заедничките воени вежби наречени „Штитот на слободата“ треба да траат до 20 март и имаат за цел зајакнување на подготвеноста за закани како Северна Кореја, соопшти претходно јужнокорејската војска./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ МЕЃУ НОРДИСКИТЕ ДРЖАВИ – Разговор со Путин отвори нова дипломатска расправа

ДЕСК

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС ВО БРАЗИЛ – Валутата падна за околу 9 проценти, берзата за 14 проценти по изборите

ДЕСК

ВАШИНГТОН СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ОПОЗИЦИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА – Рубио бара реформи пред нови избори

ДЕСК