Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нереално, Андоновски го призна скандалот со тендерите, итно да си поднесе оставка

Писмена реакција на СДСМ на прес конференцијата на Андоновски – интегрален текст:

Со неверување ја примивме скандалозната изјава на министерот Стефан Андоновски.

Андоновски ги призна и ги потврди информациите на СДСМ а со тоа и скандалот: тендерите во неговото министерстви ги има добиено сопругот на Државната секретарка во истото министерство- Гордана Клинчарова.

СДСМ ги објави и двата договори од добиените тендери, потпишани лично од Андоновски. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари и вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари.

Наместо да се извини и да поднесе оставка, тој дрско се обиде да ја брани Клинчарова а всушност ја дозакопа.

Андоновски вели дека Државната секретарка, во случајот сопругата на тој што го добил тендерот, била само ангажиарана во административно – буџетско работење на министерството.

А Државниот секретар во секое министерство па и во неговото раководи со целата администрација. Што значи дека Клинчарова е шефица на сите кои учествувале во водењето на постапката за оваа и на било која друга јавна набавка.

Понатаму, изјавата на Андновски дека не може да знае со кого е потпишан Договорот паѓа во вода затоа што на договорот е неговиот потпис и потписот на сопругот на Клинчарова, Мартин Клинчаров.

Или Клинчаров не му се видело познато презиме на Андоновски?

Овој случај е најеклатантен пример за конфликт на интереси, непотизам и корупција што е одлика на ВМРО-ДПМНЕ!

Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе се шират, а институциите мора итно да реагираат!

Бараме:

Јавно обвинителство и ДКСК веднаш да постапат по овој случај!

Андоновски без одлагање да поднесе оставка!

Целосно расчистување на коруптивните шеми во Министерството!

СДСМ нема да дозволи оваа афера да помине неказнето! Ќе бараме одговорност сè додека правдата не биде задоволена. Ова не е само прашање на злоупотреба на функцијата – ова е удар врз довербата на граѓаните и државните институции!