Centar.mk
РЕГИОН

Министерот за култура нападнат сред ноќ, Селаковиќ открива детали за нападот

Министерот за култура, Никола Селаковиќ, денеска изјави дека се чувствува добро, откако синоќа бил нападнат од непознато лице, кое го удрило во главата. Нападот се случил додека Селаковиќ одел на пат кон родителите, околу 22 часот.

„Одев од станот во кој живеам со моето семејство за да ги посетам моите родители. Тоа беше во вечерните часови, околу 22 часот. Човекот ме навредуваше, ме пцуеше, зборуваше како ќе нè набие на кол, кога велам на нас, мислам на нас членовите на СНС, како што се изразуваше со вулгарни и непристојни изрази. Кога се свртев за да разговарам со него, ме удри и избега“, изјави Селаковиќ.

Министерот за култура додаде дека бил удрен во главата, на левата страна од носот, и дека имал расекотина во пределот на левата слепоочница. По нападот, Селаковиќ отишол во полиција за да го пријави инцидентот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Србија се подготвува да биде нападната од Приштина, Тирана и Загреб; Државата купи суперсонични ракети од Кина

C +

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +

Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

C +