Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мерцедес излета од патот – повредени 18 годишен возач и 16 годишен сопатник

На 07.03.2025 година во 22.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионален пат Прилеп – Македонски Брод, кај местото викано „Дебрешки мост“, патничко возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(18) од село Дебреште, прилепско, излетал со возилото од патот.

Во несреќата Е.Е. се здобил со тешки телесни повреди, и поради сериозноста на повредите тој од Градската општа болница Прилеп, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Со телесни повреди се здобил и неговиот 16-годишен сопатник од село Дебреште.

Известен бил надлежен ЈО и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +