Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каранфилова-Пановска: СДСМ во изминатите години ја унапредуваше положбата на жените, продолжуваме да се бориме

Напредно и праведно општество не може да постои ако половина од неговите граѓани се запоставени, обесправени или потиснати. Ние жените социјалдемократки нема да дозволиме тоа да се случи!, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, од осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ, во Струмица.

Каранфилова-Пановска потсети дека СДСМ во изминатите години донесе бројни закони со кои суштински се унапреди положбата на жените во општеството, како и мерки за унапредување на економскиот стандард на жените, а во Кривичниот закон беа воведени нови кривични дела како фемицид, демнење, говорот на омраза.

Продолжуваме да се бориме – не само за нас, туку и за идните генерации девојчиња, за нашите ќерки, внуки, кои треба да растат во свет во кој ќе знаат дека нивната вредност не е определена од нивниот пол, туку само и единствено од нивните способности, труд и соништа. Нека 8. Март не биде само ден на честитки, туку ден за акција, порача заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, од маршот по повод меѓународниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.