Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Фон дер Лајен: Пишуваме историја

Европската комисија планира да мобилизира до 800 милијарди евра преку иницијатива наречена REARM Europe, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Говорејќи по состанокот на европските лидери во Брисел, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Фон дер Лајен истакна дека ЕУ и Велика Британија покажале нова решителност.

„Пред нас е јасна и непосредна закана, а Европа е решена да дејствува со обемот, брзината и решителноста што ги бара оваа ситуација“, рече таа. „Решени сме да инвестираме повеќе, да инвестираме подобро и да инвестираме побрзо – заедно“.

Таа нагласи дека од Париз и Лондон до Брисел, европските земји ја покажале својата волја и способност да ги засилат заедничките напори и ефикасно да ги координираат одбранбените способности. „Мислам дека историјата се пишува денес“, заклучи Фон дер Лајен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец

C +

Синот на последниот шах на Иран: Нејасните пораки на ЕУ за Иран можат да имаат последици

C +

Поранешен шеф на НАТО: Европа мора да стане воено независна од САД

C +