Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре е голем празник, Тодорова сабота – За многу години

Во овој ден, прва сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: за време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпаднал од Христос и му се вратил на идолопоклонството, започнало гонење на христијаните, јавно или прикриено. Откако се одрекол од свирепото и нечовечно јавно измачување на христијаните, смислил начин тајно да ги оскверни.

Во првата седмица од Великиот пост царот Јулијан го повикал управникот на градот и му заповедал да ја тргне храната што обично се продава на пазарите и да ја замени со храна, односно со лебови и пијалаци осквернети со крв од идолски жртви, та оние што постат, купувајќи и јадејќи од оваа храна да се осквернат. Управникот на градор веднаш ја извршил наредбата. Но, по промислата Божја оваа подмолна намера му била откриена на великиот маченик Теодор, наречен Тирон, и го испратил кај градскиот архиереј Евдоксиј да го извести за намерата на царот.

Свети Теодор отишол кај архиерејот и му рекол: „Стани веднаш и собери го стадото Христово и кажи му да не купува ништо од пазарите, зашто храната е осквернета со жртвена крв, по наредба на нечестивиот цар. Овој, пак, чудејќи се, го прашал: „Што ќе прават тие што немаат храна дома, ако не одат на пазар да купат?“ Свети Теодор му одговорил: „Нека јадат коливо (варена пченица)“. Патријархот веднаш станал и на мнозина им кажал за своето видение, и на тој начин ја запазил својата паства од подмолната завера на царот-отстапник.

Кога царот видел дека не му успеала намерата, наредил на пазарите повторно да се изнесе вообичаената храна. А Христовиот народ, кога завршила седмицата, му оддал благодарност на свети Теодор, и со радост оваа сабота ја определил да се слави во негов спомен.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК