Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов ужас: На пешачки удрил количка со 15 месечно дете, па побегнал

На 06.03.2025 во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА” во Тетово, патничко возило „фолксваген пасат” со тетовски регистарски ознаки, удрило во детска количка, која на пешачки премин ја туркале Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, во која било нивното 15 – месечно дете, по што возилото го напуштило местото.

По преземени мерки и активности, било пронајдено возилото и возачот (67) од тетовско.

Во незгодата со телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК