Кремљ се закани дека ќе одговори на „конфронтирачката реторика“ од Брисел.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на дневна прес-конференција рече: „Европската унија сега активно разговара за нејзината милитаризација, особено за развојот на одбранбениот сектор. Ние внимателно го следиме овој процес бидејќи ЕУ ја претставува Русија како главен непријател. Оваа милитаризација е главно насочена против Руската Федерација. Ова може да биде сериозна причина за загриженост и може да не принуди да преземеме соодветни мерки за да ја обезбедиме нашата сопствена безбедност. Се разбира, оваа конфронтирачка реторика и дискусии во Брисел и европските престолнини се во целосна спротивност со напорите за изнаоѓање мирно решение во Украина“.
Песков, исто така, рече дека Русија е „во контакт“ со САД за подготовките за преговорите за Украина, но дека „нема нови детали“ и дека Москва сè уште не назначила главен преговарач за разговори со САД./Извор:Makfax