Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Не може да има пари за луксузирање на власта а да нема за минимална плата за работниците

-Владата на Христијан Мицкоски се луксузира на грбот на народот, изнајмува приватни авиони, нарачува егзотични овошја, додека за работниците, кои едвај врзуваат крај со крај, власта вели дека нема пари, велат од СДСМ.

„Мицкоски ги понижува работниците. За владата има луксузни овошја, луксузни патувања, луксузни возила додека работниците не можат леб, јајца, млеко и месо да обезбедат за своите семејства преку цел месец.

Не може да има пари за авиони, папаја и манго за владата а да нема пари за поголеми плати за работниците.

Животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените се покачени, за да се покрие основната синдикална кошничка се потребни веќе 3 минимални плати

Најмалку што заслужуваат работниците е фер минимална плата од 500 евра за достоинствен живот, но оваа власт дури и тоа го доведува во прашање.

Парите од буџетот мора да бидат наменети за граѓаните!

Што им е работа на министрите и на премиерот освен да најдат пари за поголеми плати на работниците? Па имаат историски најголем буџет од 6 милијарди евра како може да нема за работниците?

Наместо расипничко трошење, власта треба да обезбеди пари за зголемување на минималната плата, подобрување на условите за работа и унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Работниците заслужуваат достоинствен живот, а не беда и понижување!“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.