Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Норвешкиот премиер: Треба значително да ја зголемиме помошта за Украина

Норвешка треба значително да ја зголеми финансиската помош за Украина, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во норвешкиот парламент.

Норвешкиот парламент минатата година одобри трошење од 35 милијарди норвешки круни, или 3,22 милијарди долари, за воена и цивилна помош за Украина во 2025 година.

„Би сакал да им предложам на другите партии во парламентот да се сретнеме попладнево за да разговараме и договориме за значително зголемување на финансирањето на програмата ‘Нансен’ за Украина оваа година“, рече Стоере.

Тој додаде дека владата исто така планира да ги зголеми средствата за норвешката војска.

Програмата „Нансен“ е норвешка билатерална програма за помош за Украина, именувана по лауреатот на Нобеловата награда за мир, Фридтјоф Нансен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +