Centar.mk
БИЗНИС

Во буџетот нема пари за субвенционирање на разликата во придонесите меѓу 24.400 до 500 евра минимална плата

Во буџетот нема пари за субвенционирање на разликата во придонесите меѓу 24.400 до 500 евра минимална плата.

– Доколку работниците и работодавачите се договорат за 30 илјади денари минимална плата, со целосно подмирени трошоци од работодавачите, ние тоа ќе го прифатиме и немаме против, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Со ова паѓа во вода надежта на синдикатите дека минималната плата ќе скокне на 30.000 денари. Нивниот предлог беше разликата меѓу системското зголемување кое најверојатно ќе биде за околу 1800 до 2000 денари, односно конечна минимална плата од 24.400 денари и 30.000 денари во однос на придонесите да падне на товар на државата во рок од една година.

Овој предлог засега го одбиваат и некои од бизнисите, а истиот е поддржан и од некои комори и опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

„Самсунг“ („Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

ДЕСК

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со нови илјада денари покачување – Дали е тоа доволно да се турне месецот?

ДЕСК

Минималната плата ќе скокне за 1667 денари, сега ќе биде 26.046

ДЕСК