Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: Гордана Кочоска дискриминира ама и живее во паралелен универзум, економијата и стандардот тонат

-Во недостиг на економски успеси, Кочоска осве што дискриминира други жени, тргна да се фали со БДП во еден квартал на крајот на минатата година, без да ги каже реалните индикатори за економијата и кризата во која таа и Мицкоски ја донесоа државата. Смешен е податокот за БДП од 3,2% во последниот квартал, кога инфлацијата е 5%, а кај храната од 10 до 15%. Ова значи дека нема никаков раст, туку, реално, граѓаните осиромашуваат, велат од СДСМ.

„Со неверојатна леснотија, Кочоска прикажува економски победи, додека 83.000 работници не земале плата за јануари, додека цените постојано растат, а таа не презема ништо, додека платите стагнираат, а таа лично е против нивно покачување. Ова е потценување и исмевање на маката на граѓаните од страна на министерката, која, освен навреди кон пратенички, досега нема сработено буквално ништо во интерес на граѓаните.

Секојдневно компаниите отпуштаат работници, што е најдобар индикатор за тоа во која насока се движи економијата во државата. СДСМ постојано нуди конкретни решенија за подобрување на животот на граѓаните, се бори за стандардот преку понудени мерки и закони, но Владата нема интерес за тоа. Затоа, економијата и животниот стандард тонат и ќе продолжат да тонат додека оваа Влада ја води државата. ВМРО-ДПМНЕ и Кочоска реално немаат интерес да го подобрат стандардот на граѓаните и се фалат со лажни и половични економски индикатори.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Комората, Азески, и Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата

ДЕСК

За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

C +

Инфлацијата достигна 4,5 отсто – Животот станува сѐ поскап, како преживуваат граѓаните со толку ниска минимална плата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.