5. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тошковски од Будимпешта: Засилена соработка со Унгарија во надградба на капацитетите на македонската полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на втората заедничка седница на владите на Македонија и нашиот голем пријател Унгарија на која потенцираше дека веќе се реализираат плановите и заклучоците донесени на првата заедничка седница која се одржа во Охрид минатата година.

„Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка на Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште очекуваме интензивна соработка во обуката на полициските службеници и планираме таа иницијатива да прерасне во Регионална асоцијација на центри за обука која ќе претставува темел на современото полициско работење и професионализација на полициите од регионот.На билатералната средба со министерот Пинтер договоривме набрзо потпишување на меморандум за соработка во делокруг на заеднички обуки на единиците за посебни полициски операции и борба против тероризмот како и полициските единици задолжени за обезбедување на личности и објекти. Меморандумот очекуваме да го потпишеме во втората половина на 2025 година.“, истакна министерот Тошковски.

Во рамките на посетата, утрово, министерот Тошковски одржа состанок со заменикот министер за надворешни работи и трговија на Унгарија, Маѓар Левенте во присуство на дел од унгарската бизнис заедница каде се разгледуваа конкретни иницијативи и планови за унапредување на економската соработка.

Тошковски нагласи дека светот влегува во нов поредок со предизвици кон суверенитетот и интегритетот на нациите, предизвици во функционирањето на човековите права и слободи што уште повеќе ја засилува потребата од соработка, меѓусебно разбирање и помош да останеме свои на своето.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Го повикувам Орце Ѓоргиевски на јавно соочување за Вардариште

C +

Законот е јасен: АНБ ги декласифицира документите!

C +

Нема активни пожари во државата, еден под контрола, изгаснати 22

C +