Во свечена атмосфера, ООУ „Ристо Крле“ во Кадино, заедно со подрачните училишта во Мралино и Бунарџик, го одбележа својот патрон празник под мотото „Мостовите градат пријателство со порака за мир во светот“.
По повод празникот, делегација предводена од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со директорот на училиштето Јовче Петковски, положија свежо цвеќе пред бистата на патронот.
Преку богата и разновидна програма, учениците испратија силни пораки за мир, пријателство, меѓусебно почитување и поврзување на народите. Со музички, ритмички и драмски изведби, како и видеопрезентации посветени на пријателството меѓу децата од различни земји, тие ја покажаа својата креативност и талент.
Општина Илинден и понатаму останува посветена на поддршката на образованието и создавањето услови за квалитетен воспитно-образовен процес, поттикнувајќи ги младите генерации да растат во духот на знаењето, пријателството, меѓусебното почитување и заедништвото.
фото Општина Илинден


