15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Демократите: Путин е воен злосторник, Зеленски е херој, Трамп е слаб

Тами Дакворт, демократка која е член на Комитетот за вооружени служби на Сенатот, одлуката на Белата куќа да ја запре помошта ја нарекува „срамно напуштање на Украина“. „Оваа одлука нема да ја направи нашата земја побезбедна“, рече таа на Икс.

„Путин е воен злосторник. Зеленски е херој. Трамп е слаб“, напиша Питер Велч, демократски сенатор од Вермонт, на Икс.

„Има многу јасен агресор и жртва во оваа војна. Русија е агресорот, а Украина е жртвата, а ние се однесуваме како да е обратно. Да ја прекинеме помошта што е суштински одбранбена за да им се дозволи на Украинците да ја бранат својата татковина од брутален напад од Русија… зачудувачки е тоа што го правиме“, рече Мајкл Карпентер, поранешен директор на Советот за национална безбедност на САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германскиот канцелар Мерц: Путин мора сериозно да ја сфати понудата за дијалог

C +

Петорката на Путин за Алјаска: Што открива составот на руската делегација?

C +

Киев: Путин носи карти за самитот, ќе се обидат да ја претстават Украина како вештачка држава

C +