Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Можам да ги спасам односите со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти може да ги спаси односите со американскиот претседател Доналд Трамп по нивната експлозивна средба во Овалната соба, но дека разговорите мора да продолжат зад затворени врати.

За време на состанокот што се емитуваше во живо во петокот, Трамп го обвини Зеленски дека е неблагодарен за американската помош, покажувајќи непочитување кон неговата земја и ризикувајќи ја Третата светска војна, фрлајќи сомнеж дали Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина.

Зеленски, кој разговараше со новинарите по самитот со европските лидери во Лондон во неделата, рече дека не мислел дека Соединетите Држави ќе ја прекинат својата помош за Украина бидејќи, како „лидери на цивилизираниот свет“, тие не би сакале да му помогнат на рускиот претседател Владимир Путин.

Сепак, Зеленски рече дека е подготвен за сите предизвици што може да се појават. „На прашањето за спасувањето на односот, мислам дека нашата врска ќе продолжи“, изјави тој за новинарите по средбата во Лондон.

„Мислам дека не е правилно кога таквите дискусии се целосно јавни. Форматот на она што се случи, мислам дека не донесе ништо позитивно или дополнително за нас како партнери“, додаде тој. Зеленски напомена дека се уште е подготвен да го потпише предложениот договор за минерали со Соединетите држави и дека верува дека и САД ќе бидат подготвени да го сторат тоа./Извор:Makfax