Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Наутро облачно, преку денот сончево со максимална температура до 14 степени

Наутро по котлините со услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала до умеренма облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Еве што се верува во народот и кои обичаи се поврзуваат со овој ден

ДЕСК

ВИ БАРААТ УВЕРЕНИЕ ДЕКА НЕ СТЕ ОСУДУВАНИ – Каде се издава, како се добива онлајн и дали секој работодавач смее да го бара?

ДЕСК