Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шукова: Македонија се гуши во отпад, наместо нов увоз треба да се реши проблемот дома

-Во услови кога Македонија не успева соодветно да го организира и да управува со отпадот кој што се создава дома, кога на секое ќоше никнува нова дива депонија, кога општините не се кадарни да воспостават системи за селекција и рециклирање на отпадот, кога сите показатели покажуваат дека сме лидери во загадувањето и се зголемува бројот на заболени и смртност кај населението, при реформа на инспекцискиот систем која им ја одзема независноста на инспекторатите, се поставува прашањето дали бизнис интересите се поважни од животната средина и нашите граѓани? – вели во одговор на новинарско прашање, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.

-Македонија се гуши во сопствениот отпад, општинските депонии се нестандардни, системите за регионално управување со отпад не се воспоставуваат,а диви депонии никнуваат секој ден се повеќе. Не е прашањето дали станува збор за отпад од тн зелена листа, и дали истиот би се увезувал како суровина, станува збор за неисполнети услови во државата за управување и сериозна контрола на отпадот. Дали во моментов можеме да покажеме еколошко управувано рециклирање? Наместо изразување на намера да увезуваме отпад, владата и општините треба да ги засукаат ракавите и да се зафатат сериозно со намалувањето на количините на отпад кои ги депонираме, да започнат со воспоставување на селекција која ќе обезбеди доволни количини на отпад за преработка, рече Шукова.

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК