Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Дивеел на патот со два промила алкохол во крвта, бегал од полицијата и завршил во ѕид од куќа во Хрватска

Поради сторени сообраќајни прекршоци, 43-годишник е казнет со 1.970 евра и шест месеци забрана за управување со моторни возила од Б-категорија.

Во драматичен инцидент што се случил на 27 февруари околу 22.50 часот полициски службеници од Полициската станица Чаковец забележале автомобил како небезбедно свртува на пат.

Сомневајќи се дека возачот е под дејство на алкохол, полицијата со звучна и светлосна сигнализација се обидела да го запре возилото, но 43-годишниот возач одбил да застане и продолжил да вози по улицата. Поради несоодветната брзина, влажниот коловоз и намалената видливост во текот на ноќта, тој изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Автомобилот застанал дури кога со предниот дел удрил во ѕид од куќа. Во моментот на несреќата во куќата биле членовите на семејството, но нема повредени.

Полицијата извршила алкотестирање на возачот, при што било утврдено дека имал 2,01 промила алкохол во крвта. Веднаш бил приведен во полициска станица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тензично во Подгорица: приведени осум лица поради напади врз Турци

C +

Црна Гора: Полицијата приведува и протерува странски државјани, запален бар во турска сопственост

C +

ПО ТЕШКИОТ ИНЦИДЕНТ: Владата на Црна Гора донесе одлука за укинување на безвизниот режим за турските граѓани

ДЕСК